Без разлика дали ќе остане или ќе го напушти Пари Сен Жермен ова лето, Килијан Мбапе сигурно ќе биде eдна од главните теми во овој преоден рок бидејќи сагата за него и неговиот можен трансфер (во Реал) се одолговлекува и е актуелна секој ден.
Мбапе го информираше ПСЖ дека сака да го напушти клубот следното лето по истекот на неговиот договор, со што предизвика незадоволство во таборот на „светците“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шефот на Парис Ал-Келаифи реагираше со ултиматум до Мбапе, кој сега има само две опции – да си замине веќе ова лето (за да може клубот да заработи на својот најдобар играч) или да го продолжи договорот.
По долго време тој сега зборуваше за статусот во клубот и за плановите за следниот период.
Французинот не откри ништо ново, но врз основа на изјавите кои ги даде, на сите им е многу јасно во кој правец би сакал да оди неговата кариера.
„Причините зошто верувам дека ова е мојата последна сезона во Лига 1? Многу е едноставно, јас сум натпреварувач. Кога играм, сакам да победувам. Не е важно за кого играм, не е важно чиј дресот го носам, не е важно каде играм, не е важна годината, никогаш немам мир кога е во прашање тоа. Сакам само да победувам. Никогаш не сум задоволен. Сакам да ја освојам Лигата на шампионите На одмор, по сезоната, се ресетирам, ја враќам енергијата и се враќам уште погладен, како што сите знаат“, изјави Мбапе.
На прашањето зошто ПСЖ не може да се искачи на врвот на Европа во изминатите години, Мбапе одговори:
„Не знам што му треба на ПСЖ за да ја освои Лигата на шампионите, тоа не е прашање за мене. Мора да ги прашате луѓето кои го прават тимот, кои го организираат тимот, кои го градат клубот. Јас само се трудам да го дадам најдоброто од себе. може“, одговори францускиот напаѓач.