Дома Македонски спорт Мак фудбал Влатко Стојановски потпиша за Работнички

Влатко Стојановски потпиша за Работнички

Работнички доби големо засилување во нападот со ангажманот на репрезентативецот на Македонија, Влатко Стојановски.

26-годишниот напаѓач се враќа во македонскиот шампионат и во наредните 18 месеци ќе го носи дресот на нашиот клуб. Дефинитивно ќе биде огромно засилување за навалната линија во тимот на Милан Илиевски.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Чест ми е што ќе го носам дресот на ФК Работнички. Тоа е клуб со голем традиција во Македонија, поранешен шампион и освојувач на Купот.

„Прифатив да бидам дел од овој нов проект, кој треба да го врати Работнички во врвот на македонскиот фудбал. Се надевам дека во новата сезона ќе имам полн придонес за таков развој на настаните“, изјави Влатко Стојановски.

Кариерата ја почна во Металург, во Македонија играше и за Ренова и за Шкендија, а беше интернационалец во Хрватска, Франција и во Бугарија. Во Работнички доаѓа од редовите на бугарскиот клуб Септември Софија.

За фудбалската репрезентација на Македонија има десет настапи и два постигнати гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…