Maкедонската женска ракометна репрезентација и дефинитивно нема да учествува на Светското првенство откако не доби вајлд-карта од ИХФ.
ИХФ одлучи специјална покана за настап да добијат Австрија и Исланд, а ние и Швајцарија која исто така конкурираше отпаднавме.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
За очекување беше Австрија да ја добие едната вајлд-карта, меѓутоа изненадување е што другата заврши кај Исланд кој е послабо рангиран од македонската репрезентација.
Светското првенство ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка од 29-ти ноември до 17-ти декември.