Дома Топ вести „Бомба“ од Шпанија: Влаховиќ пред трансфер во Реал Мадрид

„Бомба“ од Шпанија: Влаховиќ пред трансфер во Реал Мадрид

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид ја започнал операцијата за доведување на Душан Влаховиќ на „Сантиаго Бернабеу“.

Приоритет на „кралевите“ на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може да биде замена за Бензема, а изборот паднал токму на Влаховиќ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Јувентус има финансиски проблеми, па е спремен да слушне понуди, а Реал веќе имал средба со агентот на Србинот.

Влаховиќ дал зелено светло за трансферот, а се очекува Реал во наредните денови за испрати понуда од 80 милиони евра до Јувентус.

Тоа е сумата која „старата дама“ ја бара за слободата на напаѓачот, па се очекува двете страни брзо да дојдат до договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…