Репрезентативецот на Италија и фудбалер на Галатасарај, Николо Заниоло не ја крие желбата да премине во редовите на Јувентус.
Играчот за врска минатата година ја напушти Рома каде што израсна и премина во Турција. Меѓутоа во договорот со турскиот клуб има клазула според која може да ја раскине соработката ако добие понуда од Италија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не е никаква тајна дека од мали нозе навивам за Јувентус, идол ми е Пол Погба. Ако дојде до трансфер би бил пресреќен. Не би имал ништо против и да останам во Галатасарај, ако пристигне добра понуда ќе разговараме. Јувентус е Јувентус, за нив би играл иако не се во Лигата на шампионите“, истакна Заниоло.
„Старата дама“ засега не започнала преговори за Заниоло, но тоа би можело да се случи во наредниот период.