Дома Трансфер зона Официјално: Реал Мадрид го врати поранешниот напаѓач за 500.000 евра

Официјално: Реал Мадрид го врати поранешниот напаѓач за 500.000 евра

Како и што се најавуваше, Реал Мадрид го потврди ангажманот на 33-годишниот Хоселу кој пристигнува на позајмица со опција за откуп..

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хозелу е четвртото засилување за „кралевите“ во овој преоден рок по Фран Гарсија, Брахим Дијаз и Џуд Белигем.

Изминатата сезона Хозелу ја помина во редовите на Еспањол, а Реал за неговата позајмица ќе плати 500.000 евра, опцијата за откуп изнесува 1.5 милион евра.

Добрите настапи за Еспањол на Хоселу му донесоа и повик во шпанската репрезентација со која ја освои Лигата на Нации. Хозелу беше стрелец на победничкиот гол во полуфиналето против Италија, во финалето Шпанците на пенали беа подобри од Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…