Дома Топ вести „Бомба“: Барела пред трансфер во Њукасл

„Бомба“: Барела пред трансфер во Њукасл

Англиските медиуми објавија бомбастична вест и тврдат дека ѕвездата на Интер Николо Барела е пред трансфер во Њукасл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барела веќе две сезони е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Интер има финансиски проблеми и е спремен да слушне понуди за некои свои фудбалери, но Барела е еден од најважните фудбалери и клубот тврдеше дека не е на продажба.

Меѓутоа, Њукасл испратил понуда од 50 милиони фунти која Интер ја прифатил и сега трансферот е пред реализација.

„Нероаѕурите“ со продажбата на Барела ќе ги финансираат трансферите на Милинковиќ-Савиќ од Лацио и Давиде Фратези од Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…