Тимот на Шкупи остана без својот најдобар напаѓач, Сандеј Адентуџи преку социјалните мрежи се збогуваше со поранешниот македонски шампион.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нигериецот на својот Инстаграм профил објави порака со која се заблагодари на поддршката од навивачите.
„За мене ова беше неверојатна сезона, дебитирав во квалификациите за Лигата на шампионите и постигнав гол. Сезоната ја завршив со 13 гола и седум асистенци. Им се заблагодарувам на навивачите за големата поддршка. Со второто место во првенството обезбедивме настап во европските квалификации. Се надевам на подобро искуство во Европа. Уште еднаш ви благодарам на поддршката“, објави Адетунџи.
Задача на Шкупи во летниот преоден рок ќе биде да пронајде замена за напаѓачот и тоа воопшто нема да биде лесно, ако се знае колкаво влијание на играта и резултатите имаше Адетунџи.