Дома Фудбал Италија Oва не се памети: Автобусот со играчите дојде директно на теренот, а во 94. минута им се сруши светот

Oва не се памети: Автобусот со играчите дојде директно на теренот, а во 94. минута им се сруши светот

Во неделата ги дознавме сите учесници во италијанската Серија А по завршувањето на натпреварите од плеј-офот.

Пред почетокот на сезоната во јуни 2022 година, Италијанците донесоа правило според кое два тима со ист број бодови во борбата за титулата и во борбата за опстанок играат мајсторски меч на неутрален терен. Ова правило беше веднаш искористено во првата сезона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Специја и Верона по последното коло имаа ист број бодови, па синоќа на стадионот на Сасуоло победи Верона со 3:1 и остана во Серија А, додека Специја ќе се пресели во Серија Б.

Покрај Специја, во Серија Б ќе се приклучат и Сампдорија И Кремонесе. Џенова и Фросиноне од претходно и Каљари кој во финалето на плеј-офот беше подобар од Бари се пласираа во Серија А.

Првиот натпревар заврши со резултат 1:1, а синоќа Каљари славеше со голот на Паволети во 94. минута.

Бари се надеваше дека ќе се врати во Серија А по 12 години чекање, но ќе мора да помине најмалку уште една година во втората лига.

Пред почетокот на натпреварот, автобус ги донесе играчите директно на стадионот, што досега не било забележано во историјата на овој спорт, но и тоа не беше доволно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Страшно: Погледнете како изгледа уништениот автомобил на Манингер по судирот со возот (Вознемирувачко фото)

Поранешниот голман на австриската репрезентација Александар Манингер загина во несреќа со …