Дома Фудбал Останато Луис Енрике фаворит за тренерското столче во ПСЖ

Луис Енрике фаворит за тренерското столче во ПСЖ

Кристоф Галтие синоќа против Клермон за последен пат ја водеше екипата на Пари Сен Жермен, а „светците“ веќе ја почнаа потрагата по нов тренер.

Француските медиуми најавуваат дека најголеми шанси за преземање на екипата има поранешниот тренер на Барселона и шпански селектор, Луис Енрике.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


ПСЖ веќе почнале преговори со Луис Енрике и се очекува во наредните денови Шпанецот официјално да биде промовиран во нов кормилар на тимот.

Претседателот Насер Ал-Келаифи смета дека Енрике има квалитет да им го донесе европскиот пехар на „Паркот на принцовите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…