Дома Фудбал Англија Лампард: Јас сум фан на Покетино

Лампард: Јас сум фан на Покетино

По завршувањето на сезоната во Премиер лигата, Челзи и официјално потврди дека нов тренер на тимот ќе биде Маурицио Покетино, кој доаѓа на местото на Френк Лампард.

Лампард веќе ја даде и првата изјава по потврдата дека Покетино ќе биде неговиот наследник.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Јас сум фан на Покетино, тој е добар тренер, но не е до индивидуалното име, туку до вистинскиот тип на тренер. Звучи едноставно, но тоа е многу важно за овој клуб.

Стнадардите во Челзи паднаа, можам тоа да го кажам сега кога заминува. Колективното ниво на клубот каков што е Челзи мора да биде на максимум. Кога дојдов набрзо го забележав тоа“, изјави Лампард на прес-конференцијзата за медиумите пренесува „Скај Спорт“.

Челзи ја заврши сезоната во Премиер лигата на 14-тото место во Премиер лигата, а тоа не им се случило скоро 30 години.

Сега следи реконструкција која ќе биде по желбите на Покетино и неговиот систем на игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона сега чудо ќе ја спречи да освои титула, Левандовски со среќен гол го урна Атлетико (Видео)

Фудбалерите на Барселона во 30. коло на Примера победија Атлетико Мадрид со 2:1 и така ја …