Дома Фудбал Англија Официјално: Букајо Сака стана најплатен фудбалер на Арсенал!

Официјално: Букајо Сака стана најплатен фудбалер на Арсенал!

По голманот Рамсдајл, Арсенал потпиша договор со уште еден важен играч, Букајо Сака.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сака е „дете на Арсенал“ и во изминатите две години одби понуди од други клубови, а сега ја продолжи соработката со Арсенал до 2027 година. Според новиот договор Сака ќе заработува 200.000 фунти неделно и ако нешто не се промени ќе биде најплатениот играч на Арсенал наредната сезона.

„Навистина сум среќен. Ова е вистинскиот клуб за мене и сакам да продолжувам да напредувам во кариерата. Тука во Арсенал имам се што е потребно за да станам уште подобар“, изјави 21-годишниот фудбалер.

Претходно освен Рамсдајл, договорот со Арсенал го продолжи и напаѓачот Габриел Мартинели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез во Реал Мадрид носи дури пет ѕвезди на Манчестер сити!?

Реал Мадрид ќе доживее големи промени следната сезона, а очигледно истото ќе му се случи и…