Раководството на Манчестер Јунајтед е влиску до постигнување на договор со Маркус Рашфорд, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рашфорд на лето влегува во последната година од договорот, но „црвените ѓаволи“ прават се што е во нивна моќ за да ја продолжат соработката со напаѓачот.
Двете страни веќе подолго време водат преговори за продолжување на договорот и во последно време двете страни се блиску до договор.
Продолжувањето на договорот со Рашфорд е приоритет за тренерот Тен Хаг со оглед на фактот што напаѓачот игра фантастична сезона и е најважен фудбалер во тимот.