Дома Фудбал Лига на шампиони Демант на УЕФА: Финалето во ЛШ ќе се игра во Истанбул!

Демант на УЕФА: Финалето во ЛШ ќе се игра во Истанбул!

Во текот на денешниот ден се појавија најави дека финалето на Лигата на шампионите може да не се игра во Истанбул поради страв од нереди пред претседателските избори во оваа земја.

Британскиот „Дејли Мејл“ најавуваше дека финалето може да биде преместено на „Луж“ во Португалија, сепак тоа нема да се случи.

По шпекулациите се огласи УЕФА која порача дека Истанбул дефинитивно останува домаќин.

„Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра на 10-ти јуни во Истанбул како што е планирано“, објави УЕФА.

Претходно УЕФА двапати го преместуваше финалето од Истанбул, меѓутоа како што стојат работите сега конечно најголемиот град во Турција ќе биде домаќин на двете најдобри екипи во најелитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арсенал во предност за трансфер на младиот Нуса

Арсенал е во силна позиција за трансфер на Антонио Нуса, благодарение на учеството во Лига…