Дома Актуелно Фердинанд: Ако играв јас, ќе го ставев Халанд во џеб

Фердинанд: Ако играв јас, ќе го ставев Халанд во џеб

Манчестер Јунајтед игра во фантастична форма и е во трка за сите три трофеи оваа сезона, а во неделата го прегази Арсенал со 4:1.

Сепак, Рио Фердинанд тврди дека тимот на Манчестер Јунајтед од 2008 година, во кој беа играчи како Кристиано Роналдо и Вејн Руни, ќе надвладееше над овој славен тим на Манчестер Сити.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Toa би биле навистина тешки натпревари. Овој тим на Гвардиола со Халанд и со Де Брујне е силен, но мислам дека нашиот Манчестер Јунајтед од тоа време би ги победил со 3:1“, истакна поранешниот дефанзивец.

На прашањето дали би успеал да го држи под контрола Ерлинг Халанд, Фердинанд погледна во џебот и изјави: „Тој ќе биде таму некаде“, се пошегува Фердинанд, а потоа призна дека овој тим на „граѓаните“ е застрачувачки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Кошаркарите на Денвер ги изненадија навивачите – се загреваа во папучи: Еве и зошто

Екипата на Денвер изминатата вечер беше поразена од Лејкерс кој така успеа да намали со 3:…