Дома Фудбал Лига на шампиони Tухел: Бевме подобри, ни недостасуваше среќа

Tухел: Бевме подобри, ни недостасуваше среќа

Стратегот на Баерн Минхен, Томас Тухел очекувано беше разочаран по ремито 1:1 против Манчестер Сити и елиминацијата на неговиот тим од Лигата на шампионите.

Иако вкупниот резултат од двата натпревари е 4:1, Тухел смета дека на Баварците им недостасувало среќа, а резултатот не бил реален.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Го надигравме Сити повторно, бевме подобри отколку во Манчестр, но како и во минатиот натпревар ни недостасуваше среќа за работите да бидат во наша корист.

Задоволенд сум од настапот на моите фудбалери. Игравме против тимот кој е во најдобра форма во Европа и бевме на исто ниво, сепак сезоната сега продолжува и ќе се фокусираме на Бундеслигата“, изјави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мбапе не тренира денови пред реваншот против Баерн

Килијан Мбапе не тренираше со Реал Мадрид денеска поради последиците од ударот кој го доби…