Дома Македонски спорт Чедомир Јаневски повеќе не е тренер на АЕЛ!

Чедомир Јаневски повеќе не е тренер на АЕЛ!

Maкедонскиот стратег Чедомир Јаневски си заминува од АЕЛ Лимсаол.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раскинувањето на Јаневски и АЕЛ доаѓа малку и изненадувачки, но информацијата ја потврди АЕЛ Лимасол на својот официјален сајт.

Клубот му се заблагодарува на Јаневски за соработката. На клупата на АЕЛ Јаневски стигна во септември минатата година.

Во Кипар Јаневски добро започна, но на последните пет натпревари тимот победи само на еден и една средба одигра нерешено. Во овој момент АЕЛ е деветти со 39 бодови.

Jaневски претходно во кариерата беше тренер на Олимпијакос Никозија, Енозис и Етникос на Кипар, додека беше и во Беверен, Монс, Мускрон, го водеше Вардар во Лигата на Европа, претходно беше назначен за прв тренер на Црвена Звезда, а беше асистент селектор на репрезентацијата на Јужна Африка.

Кратко во 2012 година ја извршуваше и селекторската функција во Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…