Барселона побара претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас да си поднесе оставка, откако беше обвинет дека давал лажни информации во случајот „Негреира“ до обвинителството во Шпанија.
Барселона е обвинета за наводната корупција на поранешниот потпретседател на судиската организација, Хозе Енрикз Негреира.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последните информации во Шпанија велат дека Тебас наводно дал лажна изјава во цивилната истрага за случајот, праќајќи писмо со кое ги компромитира двајцата поранешни претседатели на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу и Сандро Росел.
„Веста објавена денеска од Ла Вангардија е од степен на сериозност, кој треба да ги алармира сите клубови во Ла Лига, за активности кои не спаѓаат меѓу атрибутите на претседателот на Ла Лига. Само поради овој факт, но и поради личното достоинство и почитта кон претседателската функција, господин Тебас треба да си даде оставка од својата функција. Ова не е првпат претседателот на Ла лига преку медиумите да сака да наштети на Барслона“, соопштија од Барселона.