Милан започнал преговори за ангажман на ѕвездата на Реал Мадрид, Марко Асенсио, пренесуваат италијаските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Асенсио со Реал истекува на крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување, па на лето ќе биде слободен агент.
Шпанецот има многу понуди, а неодамна Милан испратил понуда до неговиот агент тешка 5 милиони евра по сезона.
„Росонерите“ бараат засилување на десната крилна позиција и Асенсио е прва мета бидејќи може да пристигне без обештетување.
Малдини понудил и бонус при самиот потпис, а Асесио треба да донесе конечна одлука до крајот на сезоната.