Дома Македонски спорт Мирчевски за вержиниот судир во песочната бура: Застанавме пред сообраќајката, зад нас се удри камион

Мирчевски за вержиниот судир во песочната бура: Застанавме пред сообраќајката, зад нас се удри камион

Македонскиот фудбалер Мартин Мирчевски кој настапува за тимот на ТСЦ Бачка Топола со своите соиграчи спречи поголема несреќа на автопатот на северот на Србија каде што налетале на песочна бура.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мирчевски раскажа и како имале среќа во тие моменти да избегнат несреќа кога камион се удрил зад нив.

„Се направи песочна бура, за среќа ние застанавме пред сообраќајката каде што веќе имаше неколку автомобили. Се тргнавме десно од патот и по неколку секунди зад нас се удри камион, тука избегнавме несреќа.

Излеговме од колата и почнавме да ги запираме автомобилите да не се удрат и им помагавме на луѓето. За среќа немаше потешко повредени и загинати, набрзо стигнаа брзата помош и полицијата“, изјави Мирчевски за „Спортки.мк“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шпанија ја совлада Португалија во „последниот танц“ на Роналдо

Европскиот шампион Шпанија продолжува со настапите за светската титула, откако победи со 1…