Дома Топ вести Милан спреми понуда за ѕвездата од руската лига

Милан спреми понуда за ѕвездата од руската лига

Наполи минатото лето го донесе Кварацхелија и тоа се покажа како вистински потег, а сега и Милан сака да го повтори тој пример.

Имено, „росонерите“ покажуваат силен интерес за еден од најдобрите фудбалери од руската лига, Едуард Спертсиан.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


22-годишниот Спертсиан игра одлично во дресот на Краснодар и беше избран за најдобар млад фудбалер во Русија.

Крилниот фудбалер на 19 меча оваа сезона постигна 9 гола и запиша 9 асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе спремил понуда од 10 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…