Лионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но на маса има понуда од ПСЖ за продолжување на соработката.
Навивачите на ПСЖ го исвиркуваат, но раководството сака да го задржи и работи на нов договор.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Трансфер експертот Фабрицио Романо истакнува дека Меси сака да знае кави потези ќе повлечат клупските челници за наредната сезона.
Го интересира кој ќе го води тимот и како ќе изгледа пред да стави потпис на нов договор.
„Она што го знам е дека ПСЖ веќе има дадено понуда до Меси, а тој чека да донесе одлука врз основа на проектот, тренерот и некои клучни детали. Се е на Меси и неговиот татко Хорхе“, истакнува Романо.