За првпат по 11 години, Милан ќе игра четвртфинале во Лигата на шампионите откако вечерва во Лондон одиграа 0:0 против Тотенхем.
Првото полувреме не донесе ништо, не видовме ниту еден шут во рамките и на едната и на другата страна. Тој резултат му одговараше на италијанскиот шампоион, па беше јасно дека Тотенхем ќе мора да тргне по гол во мрежата на Мањан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во второто полувреме Милан сепак прв се закани преку Диаз, а на спротивната страна возврати Хојбер, Мањан добро интервенираше. Фостер на голот на Тотенхем беше на висина на задачата кога Жиру се обиде во 68-та минута.
Шансите на Тотенхем се намалија кога во 77-та минута Ромеро заработи втор жолт картон по прекршокот на Тео Ернандез. Иако со играч помалку, Тотенхем создаде една голема прилика и тоа во самата завршница Кејн шутираше со глава, но одново Мањан блесна и не беше совладан.
Веднаш на спротивната страна Милан преку Ориги ја погоди стативата. Сепак, немаа причина да тагуваат зошто и така обезбедија место меѓу најдобрите осум.