Најдобриот стрелец на Светското првенство 1958 година, Французинот Жист Фонтен почина на 89-годишна возраст, објави неговото семејството.
Фонтен на шест одиграни натпревари на СП 1958 година постигна дури 13 голови што е рекорден број на голови за еден играч на еден Мундијал.
Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Со тие 13 голови тој беше рекордер по вкупниот број на голови на Светските првенства додека во 1974 година Герд Милер не го престигна и на две светски првенства во 1970 и 1974 година постигна вкупно 14 голови. За Франција Фонтен одигра 21 натпревар и постигна 30 голови.
Во кариерата на двапати беше најдобар стрелец во француското фудбалско првенство, а во сезоната 1958/1959 постигна дури 10 голови предводејќи го Ремс до финалето во Купот на шампионите со 10 голови. Во финалето францускиот тим беше поразен од Реал Мадрид.