Бразилската убавица и некогашната најубава жена во светот Адријана Лима доби работа во ФИФА каде што ќе биде задолжена за промовирање на фудбалот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Информацијата ја објави ФИФА на својот официјален сајт, а веќе првата изјава ја даде и претседателот Џани Инфантино кој кратко ја објасни улогата која ќе ја има светската убавица.
„Кога ќе ја запознаете Адријана, веднаш ја чувствувате нејзината топлина и љубезност, како и нејзината страст кон фудбалот. Таа знае да живее и да дише за фудбалот и затоа може да биде врска помеѓу ФИФА и навивачите ширум светот“, изјави Инфантино.
Лима во минатото беше во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ, но нивната врска заврши во 2016 година, денес има син со продуцентот Андре Лемарс.