Раководството на ПСЖ ја призна грешката и сака на клупата да го врати Томас Тухел, пренесуваат француските медиуми.
Галтие беше доведен со намера ПСЖ конечно да го освои трофејот во Лигата на шампионите, но не му оди најдобро со тимот во последниот период. ПСЖ забележа три порази, веќе е елиминиран од Купот на Франција, а е пред елиминација и во ЛШ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа „светците“ сакаат на лето да направат тренерска смена, а прв избор е Томас Тухел, кој беше избркан во декември 2020 година.
Германецот седна на клупата на Челзи и веднаш ја освои Лигата на шампиони, па ПСЖ сега си ја призна грешката.
Тухел е спремен да се врати, но сака гаранции дека ниту една од ѕвездите нема да има протекции кај раководството и дека ќе се почитува хиреархијата.
🚨🚨🚨🚨| PSG are ready to re-appoint Thomas Tuchel and would be willing to admit their mistake in sacking him in the first place in 2020. 🇩🇪🔎 [@NizaarKinsella ] pic.twitter.com/bMinQI5bUZ
— PSG Report (@PSG_Report) February 20, 2023