Дома Македонски спорт Леонида Гичевска повторно ќе игра во Франција!

Леонида Гичевска повторно ќе игра во Франција!

Mакедонската репрезентативка Леонида Гичевска кариерата ја продолжува во четирикратниот француски шампион Безансон.

Гичевска во овој шампионат прави трансфер од екипата на Локомотива Загреб со која играше во Лигата на шампионите. За 24-годишната ракометарка ова нема да биде прво искуство во Франција затоа што веќе играше за Самбре-Авесноа и Ле Пузин.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Среќна сум што пристигнувам во Безансон. Ова е клуб со долга и убава историја. Клубот има големи цели и задоволство ќе ми биде да играм тука и да го дадам најдоброто од себе, со нетрпение чекам да ја започнам авантурата“, изјави Гичевска.

Во овој момент Безансон е на седмото место во француското првенство, а во минатото четири пати ја освојувал шампионската титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Без  изненадувања  во Аглија,  Манлестер Сити е шампион🎥

Манчестер Сити не дозволи изненадување  и во последото коло го победи Вест Хем со 3:1за од…