Примарна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, кој ќе го наследи Златан Ибрахимовиќ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан се вклучил во трката за францускиот напаѓач, Маркус Турам.
24-годишниот Французин игра одлично во дресот на Борусија Мехенгладбах и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а Турам потврди дека нема намера да го продолжува и сака да направи чекор напред во кариерата.
Интерес за него покажуваат Интер и Баерн Минхен, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Милан.
Малдини веќе имал средба со неговиот агент и ќе се обиде да ја победи конкуренцијата и на лето да го доведе на „Сан Сиро“.