Дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар кариерата ќе ја продолжи во Пари Сент Жермен.
Скриниар одби да го продолжи договорот со Интер, а на лето ќе биде слободен агент и без обештетување ќе се пресели во ПСЖ.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Медиумите откриваат дека Скриниар постигнал комплетен договор со „светците“ и веќе ставил потпис на преддоговор.
Двата клуба не се договорија за трансфер во јануари, па дефанзивецот на лето без обештетување ќе се пресели во Париз.
Италијанските медиуми пренесуваат дека за тоа Скриниар и неговиот агент ќе добијат бонус од 15 милиони евра.
Интер во овој случај ќе остане со празни раце, бидејќи минатото лето „нероаѕурите“ одбија 60 милиони евра за неговиот потпис.