Дома Трансфер зона „Роналдо нема да ја заврши кариерата во Ал Наср, ќе се врати во Европа“

„Роналдо нема да ја заврши кариерата во Ал Наср, ќе се врати во Европа“

Tренерот на Ал Наср, Руди Гарсија изјави дека Кристијано Роналдо сепак нема да ја заврши кариерата во Саудиска Арабија каде што пристигна во овој преоден рок.

Роналдо има 37 години и во Ал Наср пристигна пред еден месец, со клубот од Ријад потпиша договор до јуни 2025 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во светот. Тој сигурно нема да ја заврши кариерата во Ал Наср. Сигурен сум дека ќе се врати во Европа и таму ќе ги одигра последните натпревари од кариерата“, изјави Гарсија.

Португалецот не успеа да го освои својот прв трофеј со Ал Наср бидејќи во полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија беше поразен од Ал Итихад со 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен спреми рекордна понуда за Тео Хернандес

Баерн Минхен на лето најверојатно ќе остане без Алфонсо Дејвис, па веќе ја започна потрага…