Дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Договорот на Смолинг истекува на крајот на сезоната, па тој уште во јануари може да преговара со заинтересираните клубови.
„Тутоспорт“ пренесува дека Интер е сериозно заинтересиран за Англичанецот и веќе стапил во контакт со неговиот агент.
„Нероаѕурите“ сакаат да го доведат Смолинг на лето без обештетување како замена за Скриниар, кој сигурно ќе го напушти клубот.