Дома Фудбал Останато Паднал договор: Енрике повторно ќе биде селектор!

Паднал договор: Енрике повторно ќе биде селектор!

Голем број медиуми пренесуваат дека поранешниот селектор на Шпанија Луис Енрике наскоро треба да ја преземе репрезентацијата на Бразил.

КФудбалската федерација на Бразил се договорила со Луис Енрике за договор до 2026 година.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Барселона и селектор на Шпанија според информациите изразил желба да соработува со едни од најдобрите фудбалери во светот.

Репрезентацијата на Бразил во овој момент е на првото место на ранг-листата на ФИФА.

Претходно беше објавено дека на листата на кандидати за оваа позиција се Жозе Мурињо (Рома), Карло Анчелоти (Реал Мадрид) и Фернандо Диниз (Флуминенсе).

Последен селекторски ангажман на Енрике беше шпанската репрезентација која ја напушти по неочекуваната елиминација од Мароко во осминафиналето на Светското првенство во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Луис Енрике го „пецна“ Мбапе: Сега имаме подобар тим

Тренерот на Пари Сент Жермен, Луис Енрике, по синоќешната победата над Џирона го спореди н…