Дома Македонски спорт Младата Најдоска од СЕИШИН со бронзен медал на Балканското првенство!

Младата Најдоска од СЕИШИН со бронзен медал на Балканското првенство!

На Балканското Првенство за Сениори кое се одржа викендов во Скопје во Организација на Џудо Федерацијата на Македонија учество зеде членот на Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп Александра Најдоска, во категоријата +78 кг.

Најдоска го освои третото место и се закити со Бронзен медал. Во истата категорија второпласирана беше натпреварувачката од Црна Гора додека првото место гоосвои натпреварувачка од Турција.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Остварениот резултат на јуниорката Александра Најдоска во Сениорска конкуренција на Балканско ниво е еден од поголемите резултати на член на клубот СЕИШИН-Прилеп во последниот период.

Стручниот штаб на Џудо Клубот „СЕИШИН“-Прилеп е задоволен со остварениот пласман и во идниот период се надева на уште поголеми резултати на Меѓународно ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ракометарките поразени со 13 разлика во втората контролка со Австрија

Maкедонските ракометарки претрпеа пораз и во втората контролка со Австрија. Ако во првиот …