Дома Топ вести Роналдо чекал повик од Реал, па разочаран потпишал за Ал-Наср

Роналдо чекал повик од Реал, па разочаран потпишал за Ал-Наср

Кристиано Роналдо потпиша за Ал Наср од Саудиска Арабија и стана најплатениот фудбалер во историјата на фудбалот.

Роналдо сакал да се врати во Реал Мадрид и чекал повик од Флорентино Перез, кој останал на својот став и не се премислил, па Португалецот мораше да потпише за Ал Наср.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш се обидел да добие понуди и од ПСЖ и Спортинг Лисабон, но тие не биле заинтересирани за искусниот фудбалер.

Причина за тоа е неговата лоша полусезона во Манчестер Јунајтед, како и неговото контроверзно интервју во кое го нападна клубот и тренерот Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…