Вчера кога во Англија се играше фудбал на популарниот „Боксинг деј“ во италијанската Серија Б се случи една од најголемите посети во ова натпреварување.
На легендарниот стадион „Сан Никола“ беа присутни 48.777 гледачи кои го следеа натпреварот од Серија Б помеѓу Бари и Џенова.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Победата ја однесоа гостите со 1:2. Џенова е на третата позиција со 33 бода. Бари е четврти со три бода помалку.
Сигурно дека ова е еден од најпосетените натпревари во историјата на Серија Б, а како рекорд ќе остане мечот помеѓу Наполи и Вичеца од 2003 година со 64.369 гледачи.
Al San Nicola battono più di 48.877 cuori biancorossi! 🤍❤️#BariGenoa #boxingday #sscbari #serieB pic.twitter.com/Wi5kPCDfZJ
— SSC Bari (@sscalciobari) December 26, 2022