Дома Топ вести Спортскиот директор на Ал Наср за Роналдо: Да почекаме, ќе видиме…

Спортскиот директор на Ал Наср за Роналдо: Да почекаме, ќе видиме…

Во ноември пред почетокот на Светското првенство заврши соработката помеѓу Кристијано Роналдо и Манчестер Јунајтед, Португалецот од тој момент е слободен играч и се поврзува со разни клубови низ Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ал Наср од Саудиска Арабија кој во овој момент изгледа дека е најблиску до потписот на Роналдо. Понудата на Саудијците е 200 милиони евра годишно за договор до 2025 година.

Се пишуваше дека Роналдо е спремен да ја прифати таа понуда, меѓутоа никој од двете страни не го потврдил трансферот. Сега за медиумите зборуваше сонародникот на Роанлдо, Марсело Салазар кој е спортски директор на Ал Наср.

Салазар не потврди, но и не демантираше…

„Не можам сега да ви кажам дали ќе дојде или не, не сум овластен за такво нешто. Да почекаме да видиме како ќе се развиваат настаните во фудбалот до крајот на годината.

Се што можам да кажам е дека Роналдо е еден од најдобрите во историјата на фудбалот, тој е пример за сите поради неговиот мотив и желба за победа“, изјави Салазар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…