„Софаскор“ објави листа од десет играчи со највисока оценка за 2022 година.
Лионел Меси го одбележа крајот на годината во светот на фудбалот. Аргентинскиот фудбалер конечно го освои Светското првенство со репрезентацијата на својата земја, победувајќи во неверојатното финале на завршниот турнир во Доха против Франција по подоброто изведување пенали.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според многу параметри, Меси е најдобар во светот во 2022 година. Тоа го потврдија и статистичките податоци на платформата „Софаскор“.
Ѕвездата на Пари Сен Жермен има најдобар рејтинг меѓу сите фудбалери кои одиграле најмалку 30 натпревари.
Веднаш зад Меси на оваа листа е Бразилецот Мојзес, ветеран кој настапува во кинеската лига за Шандонг.
Следуваат Бранко ван ден Бомен од Тулуз, Кевин де Бруин од Манчестер Сити, Арон Молој од Мемфис, Џошуа Кимих од Баерн Минхен, Крег Гудвин од Аделаида, додека Килијан Мбапе од ПСЖ е на осмото место.
Топ 10 најдобро оценети фудбалери во 2022 година ги заокружуваат Ромуло од Ченгду и Чарлс Жил од Њу Енгланд Револушн.