Челзи е многу блсику до потписот на 18-годишниот бразилски талент, Андреј Сантош, пренесуваат медиумите на Островот.
„Сините“ за Сантош ќе платат 12,5 милиони евра веднаш и уште 7,5 милиони под формата на бонуси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Играчот за врска на Васко де Гама беше мета на многу европски клубови меѓу кои Барселона и Манчестер Сити, но Челзи упсеа да ја победи конкуренцијата.
Сантош е капитен на бразилската репрезентација до 20 години и важи за еден од најголемите таленти во Јужна Америка.
Челзи на лето најверојатно ќе се раздели со Жоржињо и Канте, па се очекува Сантош од следната сезона да се бори за место во стартниот тим на „сините“.