Дома Трансфер зона „Марка“: Роналдо во Ал-Наср за 200 милиони долари по сезона!

„Марка“: Роналдо во Ал-Наср за 200 милиони долари по сезона!

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо од 1-ви јануари ќе стане нов играч на Саудиска Ал Наср, ексклузивно пренесува „Марка“.

Договорот ќе биде потпишан на две и пол сезони, а платата на Роналдо ќе биде околу 200.000.000 долари, што значи дека, доколку се испочитува соработката до крај, ќе инкасира над половина милијарда долари.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Роналдо на два дена пред почетокот на Светското првенство го раскина договорот со Манчестер Јунајтед и слободно можеше да преговара со која било екипа.

Како што пренесува „Марка“, Ал Наср бил најконкретен од првиот момент, саудискиот принц направил се за да го донесе и изгледа успеал.

Португалецот ќе стане најплатениот спортист во светот досега, а неговиот договор со Ал Наср вклучува бројни претстојни реклами.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…