Дома Трансфер зона Заштедените пари од Роналдо Јунајтед ќе ги потроши за нов напаѓач

Заштедените пари од Роналдо Јунајтед ќе ги потроши за нов напаѓач

Манчестер Јунајтед ќе заштеди околу 17 милиони фунти од разделбата со Кристиано Роналдо, откриваат медиумите на Островот.

Како што е познато Роналдо беше најплатениот фудбалер во клубот, но после контроверзното интервју „црвените ѓаволи“ му го раскинаа договорот без било каква компензација.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Така Манчестер Јунајтед ќе заштеди 17 милиони фунти, сума која Роналдо требаше да добие до крајот на договорот.

Новинарот Фабрицио Романо открива дека клубот таа сума ќе ја инвестира во нов напаѓач уште во зимскиот преоден рок.

Прва желба е ѕвездата на ПСВ и холандски репрезентативец, Коди Гакпо чија цена изнесува околу 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…