Дома Фудбал Репрезентации Далиќ за ремито со Мароко вината ја префрли на фудбалерите

Далиќ за ремито со Мароко вината ја префрли на фудбалерите

Хрватска и Мароко одиграа натпревар без голови, трет на овој Мундијал. Хрватите можеби беа поблиску до победата, но сепак на крајот не успеаа да постигнат гол.

По ремито, повеќе задоволни се Мароканците, а хрватскиот селектор Златко Далиќ вината ја префрли на играчите на теренот и тврди дека немале доволно храброст.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Очекувавме тежок натпревар. Противникот беше тежок, тие чекаа контранапад, а ние се плашевме да не ја загубиме топката. Мароко беше добар денеска, продолжуваме понатаму и ни требаат четири или пет бода за да ја освоиме групата. “, рече Далиќ и додаде:

„Во одбраната користевме нешто поискусни играчи. Ни недостигаа одлучност и храброст. Сега сме на сечија мета, поинаку е од пред четири години“, изјави Далиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бум од Островот: Англичаните откриваат кога Гвардиола ќе замине од Манчестер Сити!?

Пеп Гвардиола (53) го предводеше Манчестер Сити до уште една шампионска титула, шеста за к…