Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Катар – Еквадор: Гостите доаѓаат да ја расипат фештата во Доха

Катар – Еквадор: Гостите доаѓаат да ја расипат фештата во Доха

Исчекувањето конечено заврши. Денеска со натпреварот помеѓу Катар и Еквадор од 17:00 часот стартува Светското првенство.

Како и што е вообичаено Мундијалот започнува со натпреварот на домаќинот, а натпреварот ќе се одигра на стадионот „Ал Бајт“ кој беше изграден минатата година и има капацитет од 60.000 седишта.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Ова Светско првенство е необично по многу нешта, пред се бидејќи се игра во невообичаен термин, во ноември до 18 декември. Историски за прв пат во овој период од годината, на средина од сезоната и со климатски услови кои можат негативно да делуваат на фудбалерите.

Катар за прв пат на Мундијал

Малата држава од Персискиот залив ја доби организацијата на Мундијалот. Ова е прво учество за Катар на едно Светско првенство и прашање е дали би дошло до тоа ако оваа земја не го организираше Мундијалот. До неодамна Катарците не можеа да се најдат ниту на фудбалската карта на светот, но во 2006-та фудбалското раководство на оваа земја разработи стратегија за развој на фудбалот. Клучна улога во напредокот игра Шпанецот Феликс Санчез кој претходно се школуваше во фудбалската академија на Барселона, а седни на кормилото на Катар од 2017 година. Дека работата вроди со плод доказ е триумфот на Катар Азискиот Куп во 2019 година, што ја зголеми еуфоријата на Катарците пред Мундијалот. Екипата е составена само од играчи од катарското првенство, а најбројни се членовите на Ал-Сад, тим кој до пред скоро беше предводен од Чави. Федерацијата им вети големи парични награди за секој постигнат гол, па тоа сигурно е мотив плус за фудбалерите, кои ќе ја имаат поддршката од домашната публика. Притоа, голема предност е секако климата, бидејќи останатите репрезентации не се навикнати да играат под такви услови.

Може ли Катар да ја помине групата?

 Според обложувалниците Катар е апсолутен аутсајдер, но сепак последните резултати влеваат оптимизам. На Светското првенство, Катар влегува сочетири победи во низа на пријателските натпревари. Притоа, одиграа 2:2 против силниот Чиле, а голема предност за нив ќе биде секако домашниот терен и тоа што другите селекции не се навикнати на нивната клима. Главна ѕвезда на тимот е Акрам Афиф (Ал Сад) кој има искуство во шпанската Примера. Најдобар стрелец на репрезентацијата е Алмоез Али, а душа на екипата е капитенот Хасан Ал Хаидос кој за 31 година веќе собрал дури 160 меча за репрезентацијата и е рекордер. Во составот е и натурализираниот Португалец Педро Мигел кој игра во Катар уште од 2011-та.

Еквадор, симпатична екипа која може да изненади

Еквадорците на последниот голем турнир Копа Америка, играа во четвртфиналето каде испаднаа од Аргентина. Меѓутоа, оваа селекција одигра фантастично во квалификациите и заврши пред многу посилни репрезентации од Јужна Америка. Најголемо достигнување на еден Мудијал им е 1/8 финале во 2006 година, па сигурно ќе сакаат да го повторат тој успех. Селекторот Густаво Алфаро создаде борбена екипа која може секому да направи проблем. Доказ за тоа е што на последните десет меча има само еден пораз, притоа успеа да остане непоразен од Бразил и Аргентина. Главен адут е Енер Валенсија кој настапува за турски Фенербахче, но секако прва ѕвезда е Моисес Каиседо, кој со своите настапи во Премиер лигата го привлече вниманието на многу гиганти. Не треба да се очекува Еквадор да го напаѓа првото место во групата, бидејќи Холандија е голем фаворит, но секако ќе има голема борба за второто место кое води во нокаут фазата. Судејќи по последните натпревари, Еквадор може да има проблем со нападот и со реализацијата, но имаат одлична одбрана.

Очекување

Очекуваме тврд натпревар, двете репрезентации ќе играат претпазливо и ќе сакаат да избегнат пораз. Поради тоа очекуваме меч со малку голови.

Сите квоти за мечот може да ги погледнете во Mozzart

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Гвардиола ја купува големата желба на Ливерпул

Манчестер Сити остана без еден од најважните фудбалери, Родри, кој заработи тешка повреда …