Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Најпознатите рекорди на Светските првенства

Најпознатите рекорди на Светските првенства

Светското првенство во Катар, 22-то издание на најголемиот спортски настан во светот со милијарди гледачи, почнува утре, со натпреварот Катар – Еквадор, од 17 часот.

Натпреварот ќе биде специфичен по тоа што првпат се одржува во зима, на сред клупска сезона и во земја од Блискиот Исток. 


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во текот на 98 години, откако е одиграм орвиот Мундијал, се редеа моменти што остануваат карактеристични за мундијалите, многу од нив се врежани во колективната фудбалска меморија.

Најчесто се зборува за рекордниот број на голови. Првото место го држи германскиот напаѓач Мирослав Клосе со 16 голови. Од активните играчи кои ќе играат во Катар, најблиску до него е сонародникот Томас Мулер со десет гола.

Ова се најпознатите рекорди од Мундијалите:

Земја со најмногу настапи на Светското првенство: Бразил (21)

Играч со најмногу титули на Светското првенство: Пеле (1958, 1962 и 1970 година со Бразил)

Играч со најмногу настапи на Светското првенство: Лотар Матаус (25 за Германија)

Играч со најмногу голови на СП: Мирослав Клосе (16 за Германија)

Најстар играч кој настапил на Светското првенство: Есам Ел-Хадари за Египет во 2018 година (45 години и 161 ден)

Најстариот играч кој го освоил Светското првенство: Дино Ѕоф со Италија во 1982 година (40 години и 133 дена)

Најмладиот играч кој го освоил Светското првенство: Пеле со Бразил во 1958 година (17 години и 249 дена)

Најмладиот играч што се појавил на Светското првенство: Норман Вајтсајд за Северна Ирска во 1982 година (17 години и 41 ден)

Најмногу победи по пенали: Германија и Аргентина по четири натпревари

Најмногу порази по пенали: Англија, Италија и Шпанија по три натпревари

Најмногу елиминации во групната фаза на светските првенства: Шкотска со осум од осум мундијали и Јужна Кореја со осум од десет мундијали.

Најголема победа на Мундијалот: Унгарија против Ел Салвадор во 1982 година (10:1)

Најголемата победа во нокаут фазата на Светското првенство: Шведска против Куба во 1938 година (8:0)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…