Дома Топ вести „ЕСПН“: Манчестер Јунајтед ќе го тужи Роналдо

„ЕСПН“: Манчестер Јунајтед ќе го тужи Роналдо

Манчестер Јунајтед се подготвува да го раскине договорот за Кристијано Роналдо.

Англискиот клуб денес излезе со кратко соопштение дека ќе ја анализира ситуацијата и дека се преземени неопходните чекори поради интервјуто.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Набрзо по тоа соопштение од Островот стигна информација, од повеќе извори, дека Јунајтед подготвува раскин на договорот со Роналдо.

„ЕСПН“ открива дека Јунајтед ангажирал адвокати за да ја истражат можноста и да го тужат Роналдо за прекршување на одредени клаузули од неговиот договор, кој истекува на 30 јуни 2023 година.

Истиот извор додава дека Ерик тен Хаг на состанокот со управата на клубот оваа недела веќе побарал Роналдо да биде отстранет од тимот. Некои извори пишуваат дека и намерата на Роналдо со интервјуто била по секоја цена да замине на зима.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона спрема трансфер „бомба“ од Челзи

Барселона е силно заинтересирана за играчот за врска на Челзи и аргентински репрезентативе…