Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Официјално: Нема алкохол на стадионите во Катар

Официјално: Нема алкохол на стадионите во Катар

На само два дена пред почетокот на Светското првенство ФИФА донесе промена во која се забранува продажба на пиво на стадионите за време на натпреварите.

Претходно беше кажано дека алкохол ќе се служи во одредени области во рамките на стадионите, иако неговата продажба е строго ограничена во Катар. „Бадвајзер“, кој има спонзорски договор со ФИФА вреден 75 милиони долари, го има ексклузивното право за продажба на пиво на светските првенства.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Меѓутоа организаторите на Светското првенство и ФИФА се договорија целосно да забранат продажба на пиво на осумте стадиони што се користат за фудбалскиот турнир.

„По разговорите помеѓу катарските власти и ФИФА беше одлучено алкохолни пијалаци да се продаваат само на фан фестивалот на ФИФА и други лиценцирани места, но не и во кругот на стадионите. Таму ќе се продава само безалкохолно пиво“, објави ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…