За два дена почнува Светското првенство во Катар, а Аргентина е сигурно еден од фаворитите.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, оние сууеверни фанови веруваат дека токму Аргентина ќе го освои Мундијалот, ако се следи една интересна низа.




Имено пред СП во 2002 година Роналдињо од Гремио се преселил во ПСЖ и Бразил стана шампион на Мундијалот во Кореја и Јапонија. Во 2017 година Килијан Мбапе направи трансфер од Монако во ПСЖ, и следната година на СП во Русија тој и Франција ја освоија титулата.




Суеверните веруваат дека Меси ќе биде третиот фудбалер од оваа низа. Аргентинецот минатото лето се пресели во ПСЖ, а оваа сезона игра во одлична форма.