Иднината на Кристиано Роналдо е главна тема, откако стана јасно дека сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед после контроверзното интервју.




„Дејли Мејл“ денес објави дека најсериозен интерес за Португалецот покажува Баерн Минхен.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Меѓутоа, набрзо стигна демант од „Билд“, кој тврди дека иднината на Кристиано Роналдо не била меѓу темите на последната средба на агентот на португалската ѕвезда Жорге Мендеш и раководството на Баерн Минхен.




Мендеш бил забележан на средба со претставници на германскиот шампион, но според информациите тоа нема врска со Кристиано Роналдо и Баварците не се заинтересирани за ветеранот.