Дома Трансфер зона Римско дерби за српски репрезентативец

Римско дерби за српски репрезентативец

Рома и Лацио се силно заинтересирани за плејмејкерот на Торино и српски репрезентативец, Саша Лукиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лукиќ игра одлична сезона и го привлече вниманието на многу клубови, а „Тутоспорт“ пишува дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Рома и Лацио.

Мурињо е голем симпатизер на Србинот и верува дека одлично ќе се вклопи во неговиот систем на игра, а во Лукиќ гледа наследник на Матиќ.

Од друга страна Лацио сакаше да го доведе на „Олпимко“ уште ова лето, па веќе е во контакт со неговиот агент.

Торино на лето нема да може да го задржи во своите редови, а за неговата слобода бара 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…