Дома Актуелно Кулушевски доцна го разигра Тотенхем, Ливерпул славеше во дербито

Кулушевски доцна го разигра Тотенхем, Ливерпул славеше во дербито

Фудбалерите на Ливерпул го победија Тотенхем со 1:2 (0:2) во дербито од 15. коло од Премиер лигата кое се одигра на стадионот во Лондон.

Одличнииот натпревар, со шанси и голови на двете страни, им припадна избраниците на Јирген Клоп/ Ливерпул беше тимот кој многу подобро го отвори дуелот. Имаа посед, неколку добри напади преку Дарвин Нуњез кој често имаше многу простор меѓу Ленгле и Даер.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Токму во таква ситуација, Уругваецот ја прима топката и го пронајде кон Мохамед Салах кој на мајсторски начин го совлада Лорис. Пред крајот на полувремето Салах постигна уште еден гол по една грешка во одбраната на Тотенхем за 0:2.

Избраниците на Антонио Конте заиграа многу подобро во вториот дел, посебно кога на теренот влезе Дејан Кулушевски, а му требаше само една минута за да му асистира на Хари Кејн кој го постигна голот за 1:2. Тој резултат се покажа и како конечен иако до крајот видовме уште по некоја прилика.

Ливерпул со оваа победа се искачи на осмата позиција на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Баерн доби големо засилување: Упамекано потполно се опорави

Фудбалерот на Баерн Дајо Упамекано се опорави од повредата на коленото на левата нога и го…