Фудбалерот на Ливерпул, Џордан Хендерсон изјави дека и покрај лошите резултати што ги забележа неговиот тим оваа сезона, верува дека ова не е крај и дека оваа генерација на „црвените“ има уште што да каже.
„Секако дека не е крајот. Тимот секогаш се развива. Дали тимот е ист како пред три или четири години? Не знам. Постојано се развива. Играчите доаѓаат и си одат. Тие постојано се менуваат. Она што е исто е дека треба да се работи, да се бори. Најважно е како се справувате со препреките и проблемите. Знам дека момците ќе дадат се од себе секогаш кога ќе излезат на теренот, тоа го правевме многу добро во последните неколку години. Сега треба да го направиме тоа повторно“, рече Хендерсон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хендерсон е во Ливерпул од 2011 година кога дојде од Сандерленд за 18.000.000 евра и впечеток е дека никогаш не го исполни потенцијалот. Дел од навивачите сметаат и дека треба да си замине.
„Така е во текот на целата кариера. Луѓето веројатно сакаа да заминам од првиот ден кога дојдов овде. Навистина е така. И тоа нема да се промени додека не ме нема. Тоа е составен дел од играта. Секој има различни мислења за фудбалот.
Некои мислења изгледаат доста екстремни, па размислувате и си велите: ‘По ѓаволите’. Се фокусирам на тоа да бидам најдобар што можам, да му помогнам на тимот што е можно повеќе, да бидам успешен и да победувам. Секогаш имав мои сомнежи.“, рече Хендерсон.